Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трипуновски: Земјоделците искористија над 80% од поддршката зелена нафта

Трипуновски: Земјоделците искористија над 80% од поддршката зелена нафта

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Дневникот на Алсат ТВ истакна дека нафтата претставува еден од главните двигатели на земјоделското производство.

 

„Во делот на земјоделското производство, точно е дека нафтата е еден од главните двигатели на процесот. Но морам да потенцирам дека ние како Влада минатата година согласно годишната програма набавивме една сериозна сума на картички за зелена нафта која за разлика од 2024 година беше зголемена за 100%“, нагласи министерот Трипуновски.

 

„За оваа намена се склучи договор за над 500 милиони денари со една од компаниите која што снабдува нафтен дериват и картичките се поделени на македонските змејоделци. Согласно последните податоци кои што ги имаме од Платежната агенција е дека над 80% од оваа зелена нафта која што е поделена е искористена“, појасни тој.

 

Министерот додаде дека тоа значи дека најголем дел или над 80% од нафтата е набавена по онаа претходна пониска цена која што беше, затоа што најголемиот дел од земјоделските активности се во текот на есенскиот период.

 

Во моментов, земјоделските активности се насочени кон пролетната прихрана и заштита на посевите од штетници.

 

Мени за пристапност