Борче Серафимовски
Министер во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија
Министер во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија
Борче Серафимовски е роден на 17 мај 1982 година во Свети Николе.
Неговото професионално искуство опфаќа повеќе од две децении работа во високото образование и во институциите на државната управа. Од 2004 до 2025 година е професионално ангажиран на Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе, каде што ги извршува функциите генерален директор и заменик-претседател на Управниот одбор. Во 2025 година е назначен за државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со што своето долгогодишно искуство во управувањето, организацискиот развој и раководењето го насочува кон работата на државната администрација.
Од 13 јули 2026 година ја извршува функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Серафимовски има мултидисциплинарно образование во областа на безбедноста, менаџментот, меѓународните односи и организациските науки. Дипломирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Институтот за одбранбени и мировни студии, стекнувајќи се со звањето дипломиран дефендолог. Додипломски студии завршил и на „Варненскиот слободен универзитет - Черноризец Храбар“ во Варна, Бугарија, каде што се стекнал со звањето дипломиран бизнис-менаџер.
Магистерските студии ги завршил на Правно-историскиот факултет при Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ во Благоевград, Бугарија, и се стекнал со звањето магистер по меѓународни односи. Своето образование го продолжил на Стопанскиот факултет при Универзитетот „Св. св. Кирил и Методиј“ во Велико Трново, Бугарија, каде што докторирал во областа на организациските науки.
Неговите научни и професионални интереси се насочени кон лидерството, управувањето со тимови, мотивацијата на вработените и одржливите практики на раководење. Автор е на научните трудови „Лидерството како вештина или квалитет“, „Влијанието и улогата на лидерот во тимот“, „Ефективни методи за мотивирање на вработените“ и „Sustainable Leadership Practices“.
Во својата работа особен акцент става на тимската работа, аналитичкиот пристап, одговорното донесување одлуки и соработката во мултиетничка средина. Покрај македонскиот јазик, одлично зборува и пишува англиски, руски и бугарски јазик.