Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од општина Босилово ја започна кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, од таму порача дека Босилово е пример за модерна и успешна општина со силно земјоделство.
„Во рамки на кампањата, во наредниот период ќе бидат посетени над 30 општини и повеќе од 120 населени места. Активностите ќе се реализираат преку два големи и шест помали тима, кои што ќе ја посетат секоја една општина “, истакна министерот.
Министерот Трипуновски посочи дека целта е да се слушнат ставовите и потребите на земјоделците, да се презентираат досегашните политики и мерки во секторот, како и да се дискутира за актуелните предизвици.
Во Босилово согласно Фарм регистарот регистрирани се над 1.600 земјоделски стопанства и околу 10.000 хектари обработливо земјиште, од кои 2.000 хектари се во државна, а 8.000 хектари во приватна сопственост.
„Ние како Министерство продолжуваме да ги спроведуваме политиките, во комуникација сме со секој еден земјоделец“, додаде министерот.
Тој истакна дека Владата посветува внимание кон секој еден земјоделец кој што произведува, секој еден земјоделец е важен.