Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик-министерот Хоџа оствари средба со директорот на Јавното претпријатие за Пасишта, Башким Хасани

Заменик-министерот Хоџа оствари средба со директорот на Јавното претпријатие за Пасишта, Башким Хасани

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, одржа работна средба со директорот на Јавното претпријатие за Пасишта, Башким Хасани.

За време на средбата беше нагласен напредокот постигнат во управувањето и консолидирањето на Јавното претпријатие за Пасишта, позиционирајќи го како значаен фактор за поддршка на земјоделците и развојот на земјоделството.

Во таа насока, беа разгледани можностите за зголемување на капацитетите на претпријатието и за поактивно вклучување во политиките и програмите за рурален развој, со цел поефикасно користење на ресурсите и подобрување на услугите за корисниците.

Нашата поддршка продолжува со цел зајакнување на улогата на претпријатието во развојот на земјоделскиот сектор.

Мени за пристапност