Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа: Поддршка за младите и за земјоделските иницијативи

Хоџа: Поддршка за младите и за земјоделските иницијативи

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, денес ја посети Адили Фарм, каде се спроведува модерна иницијатива за одгледување на печурки морел.

Во 14 оранжерии, со околу 16.000 вреќи со субстрат и систем за наводнување во форма на дожд, оваа фарма веќе се наоѓа во фаза на берење. Морел печурките се меѓу најбарани во гастрономијата, познати по нивните нутритивни вредности и високата цена на пазарот.

Заменик-министерот му честиташе на Омер за посветеноста и успешното водење на оваа иницијатива, оценувајќи ја како јасен пример за иновации што младите ги внесуваат во земјоделството.

Се обврзуваме да ги поддржуваме новите иницијативи како оваа, кои носат додадена вредност и развој во земјоделскиот сектор.

Мени за пристапност