Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа: Градиме функционални системи за наводнување на земјоделското земјиште

Хоџа: Градиме функционални системи за наводнување на земјоделското земјиште

Заменик-министерот Албрим Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Сарај, Мухамет Елмази, беа на терен за да извршат увид во проектот за изградба, реконструкција и модернизација на системот за наводнување Шишово–Грчец–Крушопек.

Овој систем опфаќа површина од 125 хектари земјоделско земјиште и е проектиран да им овозможи на земјоделците од ова подрачје поефикасно искористување на водата од реката Треска.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува со својата посветеност за подобрување на инфраструктурата за наводнување и директна поддршка на земјоделците.

Мени за пристапност