Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Забраната за движење во шума се продолжува до 30 септември 2026 година

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство  ја известува јавноста дека забраната за движење во шума се продолжува до 30 септември 2026 година и ги  повикува граѓаните на  посебна претпазливост  со цел спречување на појава на пожари на отворен простор.

Министерството ја потсетува пошироката јавност дека и во периодот кој следи  не е намалена опасноста од појава на пожари на отворен простор и граѓаните да биде особено внимателни бидејќи  поради високите температури  ризикот  од појава на пожари на отворен простор сеуште е голем и од суштинско значење е јавноста  да  ги разбере опасностите  како и последиците од појавата на пожари на отворен простор и со своето однесување да придонесат кон  заштита и сочувување на шумите, односно животна средина, имотите и заедниците во целина.

ВАЖНО

- Лица кои вршат активности на земјоделски површини  како и сточарите да бидат особено внимателни при извршување на активностите и да не дојде до неконтролирано палење на земјоделско земјиште и пасиштата што  е строго забрането со закон и претставува казниво дело.

- Сериозни ризици - пожарите на ниво на предел директно ги загрозуваат човечките животи, имот и животната средина. - Правни последици – предизвикување на пожар на отворен простор е казниво дело.

- Клучен елемент за спречувањето на пожари од пошироки размер  е Брзо откривање – јавноста да алармира на 112.

 

СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

 

- Избегнување на палење на било каков оган за време на периоди на силен ветер или суво време.

- Пронаоѓање на побезбедни методи за расчистување на земјиштето и отстранување на горливиот материјал.

МЗШВ ги охрабрува сите граѓани да останат информирани и да преземат превентивни мерки за да се избегне појава на пожари на отворен простор

За таа цел се повикува јавноста да ја следи и да се приклучи на Програмата за управување со пожарите на ниво на предел (lfmwb.net) во која Министерството е партнер институција и активно работи на имплементација на активности и мерки дефинирани во програмата со фокус на превенција и подготвеност во управувањето со пожарите на ниво на предел.

Работејќи заедно, можеме да го намалиме ризикот и да ја обезбедиме безбедноста на нашите домови, имоти, шумите и животната средина.

 

Известување

Мени за пристапност