Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска е реализирана исплата во вкупен износ од 13.925.888 денари на 85 производители на тутун.
Средствата се исплатени согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.
Финансиската поддршка придонесува за поголема економска сигурност на тутунопроизводителите, како и за одржување на континуитетот и квалитетот на нивното производство.