Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа средба со млекопроизводителите од Пелагонискиот регион.
Во конструктивна и позитивна атмосфера се разговараше за предизвиците со кои се соочува сточарството, особено во делот на млекопроизводството.
Секој предлог е добредојден, секоја сугестија е важна.
Нашата цел е поддршка на земјоделците кои произведуваат и придонесуваат за развој на домашната економија.