Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на отворањето на Глобалниот форум за храна и земјоделство (Global Forum for Food and Agriculture – GFFA), кој се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија.
Форумот претставува еден од значајните меѓународни настани во областа на храната и земјоделството, на кој учествуваат министри, експерти и претставници на меѓународни организации од целиот свет. Во фокусот на годинешниот форум се одржливото користење на водите, зајакнување на сината биоекономија, изнаоѓање соодветни решенија за користење на водите и меѓународното управување со водните ресурси.
„Форумот е одлична можност за средби со колегите и претставници на меѓународните институции, на кои ќе размениме искуства, како и можности за унапредување на соработката во областа на земјоделството, шумарството и водостопанството“, посочи министерот Трипуновски.
Учеството на Глобалниот форум за храна и земјоделство претставува можност за јакнење на меѓународната соработка и размена на искуства за одржлив развој на аграрниот сектор.