Стручната комисија за полагање на ловечки испит ќе одржи ловечки испит во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на 21.02.2026 година (сабота), со почеток во 10:00 часот.
На 16.02.2026 година, на веб-страната ќе биде објавен список со кандидати кои ќе можат да полагаат ловечки испит.
Напомена: Сите кандидати кои поднеле комплетно Барање за полагање ловечки испит, до архивата на Министерството, најдоцна до 15.02.2026 година ќе можат да полагаат. Барањата пристигнати по овој рок нема да се земат во предвид и ќе останат за наредната сесија.