Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска се обрати на Генералното собрание на Националната федерација на фармери.
„Националната федерација на фармери е економски партнер на Министерството, токму ова партнерство овозможува активна соработка во креирањето на политиките и мерките за напредок на земјоделството и руралниот развоj“, истакна министерот.
Тој посочи дека преку постојан дијалог и заемна доверба може да се донесат решенија кои ќе значат подобра иднина за земјоделците и за државата.