Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер.
На средбата се разговараше за унапредувањето на соработката и тековните реформи во областа на земјоделството и руралниот развој, спроведувањето на ИПАРД III програмата, како и за зајакнувањето на институционалните и административните капацитети на државата.
Соработката со Европската комисија е клучна за креирање политики кои ќе донесат конкретни резултати во земјоделскиот сектор и ќе ја зголемат конкурентноста на домашниот и меѓународниот пазар.