Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Свечено отворање на Твининг проектот „Зајакнување на националниот фитосанитарен систем“

Свечено отворање на Твининг проектот „Зајакнување на националниот фитосанитарен систем“

Свечено отворање на Твининг проектот „Зајакнување на националниот фитосанитарен систем“, финансиран од инструментот за претпристапна помош на ЕУ- ИПА 2024 година со вкупна вредност од 1,5 милиони евра со траење од 30 месеци.

 

Поддршката од ЕУ и партнерите од Италија, Грција и Хрватска, има клучна улога во развојот на секторите кои се во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

 

Тој посочи дека проектот претставува значаен чекор во понатамошното унапредување на фитосанитарната политика и во зајакнувањето на институционалните капацитети во областа на заштитата на растенијата.

 

Преку заедничка работа ќе постигнеме резултати кои ќе придонесат за понатамошен развој на земјоделскиот сектор“, порача министерот.

Мени за пристапност