Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, учествуваше на настанот „Doing Business with the Nordics: Opportunities for Macedonian Producers“, кој беше организиран од Шведско-македонската стопанска комора (Swedish-Macedonian Chamber of Commerce).
Потенцијалот за економска соработка меѓу Северна Македонија и скандинавските земји е многу поголем од актуелните трговски бројки, и токму тоа беше една од главните пораки истакнати во вчерашниот говор.
На настанот беше нагласена важноста од зајакнување на економската соработка и создавање нови можности за компании и производители од Северна Македонија и скандинавските земји.
„Нашата заедничка амбиција треба да биде оваа размена да стане поголема, подинамична и поразновидна. Еден од најдобрите начини за продлабочување на економската соработка е преку директно учество на компаниите на саеми и бизнис настани, преку повеќе бизнис средби и повеќе партнерства, каде можат да се создадат нови соработки и да се изградат доверливи бизнис релации“, истакна заменик министерот Хоџа.