Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерот Албрим Хоџа во посета на Националниот парк Шар Планина

Заменик министерот Албрим Хоџа во посета на Националниот парк Шар Планина

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, денес реализираше службена посета на Националниот парк Шар Планина, каде оствари работна средба со вработените задолжени за управување и одржување на ова значајно природно богатство.

Во рамки на посетата, се одржаа детални разговори за тековните активности и предизвиците со кои се соочува паркот, со посебен акцент на заштитата на биодиверзитетот, ефикасното управување со природните ресурси и унапредувањето на услугите за посетителите.

Во таа насока, беше истакната определбата на Министерството за континуирана институционална поддршка преку креирање и спроведување на соодветни политики, зголемување на инвестициите и зајакнување на капацитетите, со цел унапредување на заштитата на животната средина и долгорочниот развој.

Мени за пристапност