Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со г-ѓа. Валентина Суперти, Директорка за Западен Балкан, Генерален директорат за проширување и источна соседска политика (DG ENEST) на Европската комисија, на која разговараа за унапредување на соработката во областа на земјоделството и руралниот развој.
Со поддршката која се обезбедува преку инструментите на Европската Унија се придонесува за модернизација и развој на македонското земјоделство.
Воедно, поддршката во јакнењето на административните и институционални капацитети за прилагодување кон европското законодавство кои се однесуваат на поглавјата 11, 12 и 13 се од исклучително значење.
„Ја потврдивме заедничката заложба за продолжување на реформите во земјоделскиот сектор, остануваме посветени на патот кон Европската Унија“, истакна министерот Трипуновски.