Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Се одржа првичен состанок за проектот „Подобрување на самоорганизација на земјоделците во создавањето и управувањето со мали системи за наводнување“

Се одржа првичен состанок за проектот „Подобрување на самоорганизација на земјоделците во создавањето и управувањето со мали системи за наводнување“

Денес во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа првичниот состанок на проектот финансиран од ИПА 2021 „Подобрување на самоорганизација на земјоделците во создавањето и управувањето со мали системи за наводнување“.

На состанокот учествуваа претставници од Министерството и АД Водостопанство, како и претставници на земјоделските задруги и организации.

Проектот „Подобрување на самоорганизација на земјоделците во создавањето и управувањето со мали системи за наводнување“ има за цел да ги зајакне капацитетите на групите на земјоделци и земјоделските задруги во државата за одржлива употреба и управување на малите системи за наводнување со обезбедување на законска и институционална рамка која ќе  овозможи управување со системите за наводнување во насока со ЕУ практики.

На состанокот дискусијата се развиваше во насока на подобрување на одржливото земјоделство, земјоделски практики, како и одржливата употреба на водените ресурси со цел на справување со климатските промени и други ризици и неповолни влијанија.

Мени за пристапност