Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство

Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, присуствуваше на отворањето на **Smart Nursery**, современ расадник за производство на саден материјал од лешник, реализиран во соработка со меѓународни партнери, научната заедница и приватниот сектор.

Пред свеченото отворање, Хоџа го посети и современиот погон за преработка на лешници, каде што одблиску се запозна со современата технологија и процесите на селекција, сортирање, миење, печење, мелење и пакување на финалниот производ, согласно современите стандарди на прехранбената индустрија.

Во своето обраќање, Хоџа истакна дека современото земјоделство бара инвестиции во знаење, технологија и иновации, оценувајќи дека ваквите проекти создаваат додадена вредност, ја зголемуваат конкурентноста на домашното производство и отвораат нови можности за земјоделците.

„Квалитетниот саден материјал е основа за успешно производство. Кога на едно место се поврзани производството на садници, современата технологија и преработката на земјоделските производи, се создава модел што носи додадена вредност за целиот сектор. Тоа е патот по кој треба да се развива нашето земјоделство“,истакна Хоџа.

Тој упати честитки до Бошко Нелкоски, неговото семејство и сите партнери за реализацијата на проектот, нагласувајќи дека ваквите иницијативи се доказ дека соработката меѓу приватниот сектор, институциите и меѓународните партнери носи конкретни резултати и придонесува за модернизација на македонското земјоделство.

Мени за пристапност