Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Апел до земјоделците: Редовно следете ја платформата „Агрометео“

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците редовно да ги следат официјалните известувања на Управата за хидрометеоролошки работи, а особено специјализираната веб платформа „Агрометео“.

Платформата обезбедува временски и агрометеоролошки прогнози, предупредувања и податоци значајни за планирањето на земјоделските активности.

Навремените и точни информации им овозможуваат на земјоделците подобро да ги организираат активностите и да преземат соодветни превентивни мерки за заштита на производството.

Следете ги https://agrometeo.mk/ и www.uhmr.gov.mk, особено во периоди на нестабилни временски услови.

Мени за пристапност