Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Надица Џерковска именувана за државен секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Надица Џерковска именувана за државен секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска оствари средба со новоименуваниот државен секретар во Министерството, Надица Џерковска.

Нејзиното долгогодишно работно искуство во Министерството, познавањето на институционалните процеси и професионалната посветеност претставуваат значајна основа за ефикасно извршување на одговорната функција.

На средбата беше истакната важноста на координираната тимска работа, континуитетот во спроведувањето на тековните политики и натамошното јакнење на капацитетите на Министерството во интерес на земјоделците и граѓаните.

 

Мени за пристапност