Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите

Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, во Свети Николе оствари работна средба со претставници на здружението „Овчеполски фармер“, на која се разговараше за актуелните состојби во земјоделството и за потребите на производителите од овој регион.

„Земјоделските политики имаат вистинска вредност кога се создаваат заедно со луѓето што секојдневно ја обработуваат земјата и непосредно се соочуваат со предизвиците на производството. Нивното практично искуство е неопходно за мерките да бидат навремени, применливи и насочени кон реалните потреби“, истакна министерот Серафимовски.

Во фокусот на средбата беа субвенциите, програмите за финансиска поддршка, јавните повици за доделување земјоделско земјиште и конкретните предлози за подобрување на земјоделските политики. Претставниците на здружението ги изнесоа своите согледувања и предлози, кои ќе бидат разгледани во рамките на понатамошното планирање на мерките и програмите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Мени за пристапност