Земјоделските стопанства можат да поднесат барања за основна и дополнителна поддршка на доходот по површина и по грло добиток, директни плаќања по единица производ, поддршка на влезните елементи во производството и поддршка за малите земјоделски стопанства.
Барањата се поднесуваат електронски преку веб-порталот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. За сите земјоделци на кои им е потребна помош при аплицирањето, на располагање се подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Пред поднесувањето, потребно е земјоделците внимателно да ги проверат и навреме да ги ажурираат податоците во соодветните регистри. За полесно разбирање на мерките, условите и постапката за аплицирање, објавен е и Водич за директни плаќања во земјоделството за 2026 година.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 30 септември 2026 година.