Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците од Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на ЕК (ДГ АГРИ), на која разговараа за поддршката за развој на земјоделството.
Министерот се заблагодари за заложбата од нивна страна за искористување на фондовите од ИПАРД 3 програмата за унапредувањето на руралниот развој и зголемувањето на конкурентноста на земјоделците во насока на правилно користење на средствата од ЕУ.