Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, денеска беше на терен во селото Црнилиште, општина Долнени, каде го проследи почетокот на сезоната на садење тутун кај семејството Селмани.
Тој истакна дека новата сезона започнува со зголемен интерес за одгледување тутун.
„Поддршката на земјоделците останува приоритет на Министерството“, изјави заменик-министерот Хоџа.
Во рамки на посетата, заменик-министерот Хоџа беше придружуван од градоначалникот на општина Долнени, Блерим Ислами.