По повод Меѓународниот ден на задругите, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците на Мрежата на земјоделски задруги (МЗЗ) и Македонската асоцијација на земјоделските задруги (МАЗЗ).
„Разговаравме за понатамошниот развој и унапредување на задругарството како еден од клучните столбови на земјоделството. Задругите не претставуваат само економски оператори, туку се заедници што ги обединуваат земјоделците во заедничка визија за просперитет и одржлив развој“, истакна министерот Трипуновски.
Министерството ја препознава клучната улога на задругите во развојот на земјоделскиот сектор. Ќе продолжиме да создаваме програми и мерки што ќе ги охрабрат земјоделците да се здружуваат, да соработуваат и заедно да градат подобро утре за земјоделството.
Нека е честит Меѓународниот ден на задругите и им посакувам уште многу успеси и заеднички достигнувања во иднина.