Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени

Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени

На денешната собраниска седница, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, одговори на пратенички прашања поврзани со безбедноста на храната и реализацијата на земјоделските субвенции.

Во однос на безбедноста на храната, Хоџа истакна дека надлежните институции продолжуваат со редовни контроли за гарантирање на безбедноста на храната, а сите мерки се преземаат согласно важечката законска регулатива, со цел заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување високи стандарди за квалитет.

Во однос на субвенциите, Хоџа информираше дека исплатите кои моментално се во тек на подготовка ќе започнат веднаш по усвојувањето на ребалансот на Буџетот, кој се наоѓа во собраниска процедура.

„Со ребалансот ќе се обезбедат средства за исплата на субвенциите за млеко, обележани говеда, пченица, другите житни култури, како и поледелските култури“, изјави Хоџа.

Тој информираше и дека Агенцијата е во завршна фаза на тестирање на новиот софтвер за поднесување барања за субвенции за 2026 година.

„За да не биде оштетен ниту еден земјоделец, рокот за аплицирање е продолжен до крајот на септември, а системот ќе биде отворен многу скоро, веднаш по завршувањето на финалните тестирања“, нагласи Хоџа.

Мени за пристапност