Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Трипуновски додели три договори на Ловечкото друштво „Вардар“ – Неготино за користење на дивечот

Министерот Трипуновски додели три договори на Ловечкото друштво „Вардар“ – Неготино за користење на дивечот

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски додели три договори на Ловечкото друштво „Вардар“ – Неготино за користење на дивечот во ловиштата Дисан, Војшанци и Пештерница.

Со овие договори се создаваат услови за одговорно и одржливо стопанисување со дивечот, согласно Законот за дивечот и ловството.

Корисникот на дивечот е должен да врши одгледување, заштита и користење на дивечот.

Продолжуваме со одржливо управување и користење на дивечот, како и унапредување на виталноста на неговите популации и живеалишта.

Мени за пристапност