Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација, Н.Е. Кристоф Зомер.
На средбата разговараа за тековните активности и проекти во областа на земјоделството и руралниот развој.
„Продолжуваме со соработката кон одржлив развој и унапредување на македонското земјоделство“, истакна министерот Трипуновски.