Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во рамките на работната посета на Молдавија оствари средба со г-ѓа Лудмила Катлабуга, министерка за земјоделство и прехранбена индустрија.
Во текот на престојот, посети неколку винарски визби и дестилерии.
Министерот Трипуновски посетата ја заврши со присуство и на „Wine Exhibition – Our Wine Conquers the World“, настан кој што го истакнува потенцијалот на винската индустрија.
„Продолжуваме со градење на партнерства кои ќе донесат унапредување на македонското земјоделство“, истакна министерот.