Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари работен состанок со Мисијата на Светска банка, предводена од директорката на Светска Банка за Македонија и Косово, Карол Межеван.
Состанокот беше организиран во рамки на мисијата за следење на имплементацијата на Проектот за модернизација на земјоделството, при што беше поздравен напредокот и изразено задоволството од досегашната реализација на активностите.
Овој проект е од суштинско значење кој ќе придонесе за подобрување на пазарниот пристап за земјоделците, јакнење на институционалните капацитети и воспоставување на интегриран систем за подобро функционирање.
На состанокот се дискутираше и за можноста за идна соработка во областа на земјоделството.