Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на завршниот настан на Твининг проектот „Зајакнување на институционалните капацитети во справувањето со кривични дела против културното наследство и животната средина“, финансиран од Европската Унија.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку секторот Шумска полиција беше вклучено во имплементација на активностите од проектот.
Денешното потпишување на Меморандумот за разбирање и основање на Национална платформа за меѓуинституционална соработка и заедничко дејствување против криминалот против животната средина, ќе овозможи координирано и ефикасно дејствување на сите надлежни институции.
„Искрена благодарност до Делегацијата на Европската Унија во Скопје за континуираната поддршка. Ова е уште еден пример како поддршката од Европската Унија се претвора во конкретна вредност и основа за заштита на природните ресурси“, истакна министерот Трипуновски.