Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Трипуновски ја посети фабриката Винчини

Министерот Трипуновски ја посети фабриката Винчини

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети фабриката Винчини, која претставува вистински пример за македонски успех.

Со извоз во над 60 земји низ светот, околу 500 вработени и широк асортиман на висококвалитетни производи, Винчини покажува како се гради македонско најдобро.

Македонските компании се столб на домашната економија, поддршка за земјоделските производители и доказ дека нашите производи можат рамноправно да се натпреваруваат на светските пазари.

Преку кампањата „Македонско најдобро“ го поддржуваме домашното производство и новите инвестиции, со што се промовира македонскиот квалитет, кој заслужува препознатливост и почит“, истакна министерот Трипуновски.

Мени за пристапност