Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска изврши исплата на финансиска поддршка во износ од 461.492.542 денари на 23.874 поледелци.
Средствата се исплатени согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година, директни плаќања по обработлива земјоделска површина за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои во производната 2024/2025 година имаат засеани и ожнеани површини со поледелски култури, меѓу кои: пченица, јачмен, пченка, ориз, ’рж, овес, тритикале, хељда, сирак, суданска трева, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, тутун, маслодајна репка за човечка исхрана, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток).
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство останува посветено за обезбедување одржлив развој на земјоделскиот сектор.