Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трипуновски: Теренските контроли и условеноста од 30% ќе резултираат субвенциите да завршуваат кај вистинските земјоделци

Трипуновски: Теренските контроли и условеноста од 30% ќе резултираат субвенциите да завршуваат кај вистинските земјоделци

„Имаме случаи каде лица поседуваат земјоделско земјиште, но не го обработуваат, туку го издаваат под наем на некој што навистина сака да произведува храна. Вистинскиот земјоделец му плаќа на сопственикот за користење на земјиштето. Сопственикот аплицира за субвенции, државата му ги исплаќа, а тој воопшто не го обработува земјиштето“, посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во интервју за ТВ Стар, образложувајќи ги причините за новините во Програмата.

 

Министерот додаде дека вистинскиот земјоделец, кој плаќа закуп за земјоделско земјиште, не може да добие никаква поддршка од државата, бидејќи таа ја користи сопственикот на земјиштето.

 

„На тој начин се одлеваат средства од државата кон категорија на луѓе кои не произведуваат“, истакна министерот Трипуновски.

 

„Затоа велиме, ако имате земјоделско земјиште, треба да докажете дека најмалку 30% од вашето производство сте го предале во некој од регистрираните откупни или преработувачки капацитети“, појасни министерот.

 

Тој посочи дека теренските контроли и оваа условеност ќе резултираат да субвенциите завршуваат кај вистинските земјоделци.

 

Мени за пристапност