Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Прилеп истакна дека Државниот завод за статистика излезе со анализите во делот на 2025-та година каде што податоците говорат дека во делот на кравјото млеко произведени во 2025 година се некаде околу 290.000 литри, што е за 2,7% повеќе од 2024-та година.
„Во делот на овчото млеко, произведени се околу 27.000 литри што е за 4% повеќе во однос на 2024-та година. Согласно податоците на ДЗС кај козјото млеко има мал пад. Во делот на производството на јајца имаме зголемување во однос на 2024-та година“, појасни министерот.
„Не секогаш бројот на грлата треба да ја прати продукцијата, понекогаш може да се зголеми продукцијата иако има стагнација на бројната состојба бидејќи можеби се работело на генетскиот потенцијал во делот на сточниот фонд, исхрана“, посочи тој.
Министерот додаде дека ќе се работи за во тековната 2026 година да има повеќе задржани женски јагниња односно зголемување на бројната состојба на овците во Македонија.