Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трипуновски: Обновено стопанството на сточарот Никола по поплавите

Трипуновски: Обновено стопанството на сточарот Никола по поплавите

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски го посети сточарот Никола Колев, кој крајот на јануари претрпе штета од поплавите што го зафатија неговото стопанство, беа оштетени и објектите и сточниот фонд.

 

При денешната посета, министерот му посака на сточарот Никола со здравје да го користи новоизградениот објект, како и сточниот фонд кој го доби благодарение на солидарноста на сточарите од цела држава.

 

„Објектот е изграден со помош на општествено одговорни компании од овој дел и пошироко, нормално помогна и локалната самоуправа со механизација во делот на расчистување на речните корита“, посочи министерот Трипуновски.

 

„Никола сега има услови повторно да работи и да произведува“, истакна министерот.

Мени за пристапност