Државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски оствари средба амбасадорката на Словачката Република во нашата земја, Н.Е. Ивета Хрицова, на која разговараа за конкретна реализација на активностите произлезени од потпишаниот Протокол за соработка од првата седница на Мешовитиот комитет за економска соработка помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република.
Фокусот на средбата беше ставен на унапредување на соработката во земјоделството, зголемување на трговската размена и заедничка промоција на земјоделските производи.
Средбата се одвиваше во конструктивна атмосфера со цел продлабочување на партнерството меѓу двете земји и конкретни активности во блиска иднина.