Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, информира дека од Брисел пристигна известување за продолжување на процесот на искористување на средствата од ИПАРД програмата.
„Во текот на вчерашниот ден добивме официјално известување од Брисел дека се продолжува со процесот на искористување на средствата од ИПАРД програмата, односно ќе продолжи исплатата на сите квартали кои што се доспеани, во наредниот период ќе има и нови објави“, изјави министерот Трипуновски.
Тој истакна дека нема простор за загриженост кај корисниците на овие средства.
„Ова значи дека земјоделците не треба да бидат загрижени, ние направивме се што е во рамки на нашите можности како држава за да го продолжиме процесот понатаму со цел да го модернизираме и развиваме македонското земјоделство“, појасни министерот Трипуновски.