Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Исплатени над 260 милиони денари поддршка за повеќе од 1.600 земјоделци

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Исплатени се над 260 милиони денари кон над 1.600 корисници за мерки од растително и сточарско производство од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

 

•        1.7. - Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети - 136.450.639,00 денари кон 276 корисници;

 

•        1.10. - Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети - 17.058.566,00 денари кон 354 корисници;

 

•        1.13. - Директни плаќања за производство на домашен лозов и овошен саден материјал - 40.319.770,00 денари кон 8 корисници;

 

•        1.15.  - Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за произведен и продаден домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни, фуражни, индустриски и градинарски култури - 38.793.297,00 денари кон 16 корисници;

 

•        1.18. - Директни плаќања за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури - 9.774.800,00 денари кон 7 корисници;

 

•        2.17. - Директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство -  21.446.792,00 денари кон 1.021 корисник.

 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посветено работи за развој на македонското земјоделство.

 

Мени за пристапност