Денес се означи почетокот на проектот „Подобрување на самоорганизацијата на земјоделците во создавањето и управувањето со мали системи за наводнување“ кој се реализира со поддршка на Европската Унија во рамките на програмата IPA 2021, со вкупен буџет од 570.000 евра.
Целта на проектот е да се зајакнат капацитетите на групите на земјоделци и земјоделските здруженија во држaвата за одржливо користење и управување со малите системи за наводнување.
„Благодарност до Делегацијата на Европската Унија за нивната континуираната поддршка во реформирањето и модернизација на земјоделскиот сектор, особено во областите кои се од витално значење како што е управувањето со водните ресурси и системите за наводнување“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Министерот посочи – „Продолжуваме посветено да работиме за создавање на подобри услови за македонските земјоделци“.