Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик-министерот Хоџа беше примен во Амбасадата на Северна Македонија во Тирана

Заменик-министерот Хоџа беше примен во Амбасадата на Северна Македонија во Тирана

Во рамки на официјалната посета на Тирана и учеството на конференцијата „Balkan Professional Agtech & Water Meet-Up“, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, ја посети Амбасадата на Северна Македонија.

Придружуван од директорот на Управата за водостопанство, Ромео Тренов, заменик-министерот Хоџа беше примен од амбасадорот Веле Трпевски и персоналот на амбасадата. Тој им се заблагодари за срдечниот прием и за остварениот разговор.

Мени за пристапност