Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа во посета на „Нелкоски Органик Фуд“: Современата преработка создава додадена вредност за земјоделството

Хоџа во посета на „Нелкоски Органик Фуд“: Современата преработка создава додадена вредност за земјоделството

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, ја посети компанијата „Нелкоски Органик Фуд“ (ZAUM Organic) во село Драслајца, Струга, каде што се запозна со процесот на преработка на лешник, современата опрема и технолошките решенија што компанијата ги применува во своето работење.

За време на посетата го разгледа целиот производствен процес - од селекција, сортирање, миење, печење и мелење, до пакување на финалниот производ, кој се реализира според највисоките меѓународни стандарди за квалитет и безбедност на храната.

Компанијата соработува со повеќе од 60 земјоделски производители од различни региони на државата, а околу 85% од своето производство го пласира на странските пазари. Преку соработка со партнери од Европската Унија, Швајцарија и други меѓународни организации, „Нелкоски Органик Фуд“ претставува успешен пример за поврзување на домашното производство со странските пазари.

Хоџа истакна дека развојот на преработувачките капацитети има особено значење за зголемување на конкурентноста на земјоделството, создавање додадена вредност и обезбедување посигурен пласман за земјоделските производители.

Тој нагласи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе продолжи да ги поддржува инвестициите кои придонесуваат за модернизација на секторот, зголемување на производството и развој на конкурентно земјоделство со поголем извозен потенцијал.

Мени за пристапност