Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа во Куманово: Над 33 милиони денари поддршка за зелена нафта за земјоделците од Кумановскиот регион

Хоџа во Куманово: Над 33 милиони денари поддршка за зелена нафта за земјоделците од Кумановскиот регион

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, ја посети Подрачната единица на Министерството во Куманово, каде што оствари средби со вработените и со земјоделци од регионот.

Во рамки на посетата беа доделени и картички за зелена нафта, преку мерка 10 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.

За подрачјето што го покрива Подрачната единица Куманово, во кое спаѓаат и општините Липково и Старо Нагоричане, предвидени се вкупно 3.641 картичка, со вкупна вредност од 33.227.969 денари.

На државно ниво, за оваа мерка се обезбедени 564 милиони денари, за вкупно 48.037 картички. Висината на поддршката се утврдува според земјоделските површини и видот на културите, во износ од 3.200 до 12.000 денари по хектар.

„Свесни сме дека трошоците во земјоделството се високи, затоа преку мерката зелена нафта настојуваме да им олесниме дел од производствените трошоци на нашите земјоделци. Им благодарам за нивниот секојдневен труд и посветеност, бидејќи домашното производство се темели токму на нивната работа“, истакна Хоџа.

Заменик-министерот им се заблагодари и на вработените во Подрачната единица во Куманово за нивниот ангажман во служба на земјоделците и во спроведувањето на мерките за поддршка.

Мени за пристапност