Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа: Пчелите нѐ потсетуваат дека организираната работа носи резултати

Хоџа: Пчелите нѐ потсетуваат дека организираната работа носи резултати

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа ја посети пчеларницата на семејството Исмаили во Франгово, Струшко, каде одблиску се запозна со нивната работа, посветеност и значењето што пчеларството го има за развојот на земјоделството.

За време на посетата се разговараше за предизвиците и перспективите на секторот, како и за улогата на пчелите во опрашувањето на земјоделските култури, зголемувањето на производството и зачувувањето на екосистемот.

„Пчелите нѐ потсетуваат дека организираната работа носи резултати. Во една кошница секоја пчела има своја улога и придонесува за заедничкото добро. Тоа е вредност од која сите можеме да учиме“, истакна Хоџа.

Тој додаде дека пчеларството е многу повеќе од производство на мед и дека институциите треба да продолжат да креираат политики што ја поддржуваат работата, производството и развојот, засновани врз реалните потреби на производителите и постојана комуникација со луѓето кои создаваат вредност на терен.

Хоџа го истакна придонесот на пчеларите во развојот на земјоделството и локалната економија, нагласувајќи дека поддршката за пчеларството останува дел од заложбите за попродуктивен и поконкурентен земјоделски сектор.

Почит за семејството Исмаили и за сите пчелари кои со својата работа, трпение и посветеност даваат значаен придонес за земјоделството и локалната економија.

Мени за пристапност