По успешно спроведената постапка по Јавниот повик, склучени се договори за давање на користење на дивечот во ловиштата со нови корисници на вкупно 10 ловишта во Пелагониско ловностопанско подрачје – Ловен реон Битола и Ловен реон Прилеп, Полошко ловностопанско подрачје – Ловен реон Тетово.
Во битолскиот регион, нови договори за користење на дивечот се потпишани за ловиштата: „Бач“, „Врањевци“, „Оптичари“, „Породин“, „Црнобуки“ и „Трн“.
Во прилепскиот регион, договори за користење на дивечот се потпишани за ловиштата: „Ерековци“, „Тополчани“ и „Галичани“
Во тетовскиот регион, договор за користење на дивечот е потпишан за ловиштето „Орашје“.
Новите корисници со потпишувањето на договорите преземаат одговорност за заштита, зачувување и напредување на живеалиштата на дивечот, како и за востановување, уредување и тековно одржување на ловиштата согласно високи ловностопански и еколошки стандарди.
Министерството продолжува посветено да работи на одржливото управување со природните богатства и унапредувањето на ловниот туризам во државата.