Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа од Струга: Инвестирањето во земјоделците е инвестирање во иднината

Хоџа од Струга: Инвестирањето во земјоделците е инвестирање во иднината

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, ја посети фармата на Садуш Шабани во Франгово, Струга, каде заедно со својот син започнале од почеток, градејќи со посветеност сточарска фарма.

Ова е нова семејна иницијатива која покажува храброст и волја за инвестирање во земјоделството, докажувајќи дека и од наједноставните почетоци може да се изгради одржлива иднина.

Преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството се обезбедуваат конкретни мерки за сточарите кои одгледуваат крави, вклучително директни плаќања по регистрирано грло, поддршка за одгледување на говеда, како и субвенции за развој и модернизација на фармите.

Институциите ќе продолжат да стојат покрај земјоделците, поддржувајќи ги на секој чекор кон развој, модернизација и зајакнување на земјоделскиот сектор во земјата.

Мени за пристапност