Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа на 14-тото издание на „Денот на гравот“ во Теарце

Хоџа на 14-тото издание на „Денот на гравот“ во Теарце

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, присуствуваше на 14-тото издание на традиционалната манифестација „Денот на гравот“ во Теарце.

Оваа манифестација, која веќе прерасна во традиција, го промовира домашното производство, го вреднува трудот на земјоделците и истовремено придонесува за зачувување и пренесување на локалните традиции на младите генерации.

Во своето обраќање, Хоџа го истакна значењето на ваквите манифестации за промоција на домашните земјоделски производи и зачувување на традицијата.

„Денот на гравот е убав пример како еден наш домашен производ може да ги обедини традицијата, земјоделството и заедницата. Наша задача е овие производи да ги промовираме и да им ја дадеме вредноста што ја заслужуваат“, изјави Хоџа.

На крајот, Хоџа им го честиташе 14-тото издание на организаторите и им оддаде признание за континуираната посветеност во организацијата и зачувувањето на оваа традиционална манифестација.

Мени за пристапност