Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа и Тренов во Тирана: Современите технологии и одржливото управување со водите се приоритет за развојот на земјоделството

Хоџа и Тренов во Тирана: Современите технологии и одржливото управување со водите се приоритет за развојот на земјоделството

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со директорот на Управата за водостопанство, Ромео Тренов, учествуваа на конференцијата „Balkan Professional Agtech & Water Meet-Up“, која се одржа во Тирана.

Во своето обраќање, заменик-министерот Хоџа ги претстави приоритетите и предизвиците на земјоделството во Северна Македонија, нагласувајќи го значењето на модернизацијата на производството, дигитализацијата и примената на современи технологии.

„Иднината на земјоделството зависи од нашата способност да инвестираме во технологија, знаење и современи системи за наводнување. Регионалната соработка и размената на искуства се неопходни за поконкурентен и поодржлив земјоделски сектор“, истакна Хоџа.

Директорот Ромео Тренов се осврна на значењето на ефикасното и одржливо управување со водните ресурси, модернизацијата на системите за наводнување и потребата од конкретни решенија за подобро снабдување на земјоделските површини со вода. Тој активно учествуваше во стручните дискусии и средби со претставници на институциите, компаниите и експертите од секторот.

Заедничкото учество на Хоџа и Тренов на конференцијата ја потврдува посветеноста на Министерството и Управата за водостопанство кон зајакнување на регионалната соработка, воспоставување нови партнерства и примена на современи практики во земјоделството и управувањето со водите.

Мени за пристапност