Денеска ги посетив жителите од населените места Опила и Псача во општина Ранковце, во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, истакна министерот за земјодлество, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Министерот посочи дека на средбите со сточарите, полјоделците и овоштарите разговараа за предизвиците со кои се соочуваат, но и за можностите за развој и унапредување на домашното производство.
„Гласот на земјоделците го слушаме, заедно да работиме за стабилен и конкурентен земјоделски сектор“, порача министерот.